Вчера сите видовме како се изведува ”бескомпромисна’ и храбра ” полициска акција, врз младо момче, ”опасно вооружено” со своето милениче, (кученце), како се апси од страна на 7- мина вооружени полицајци, со три полициски возила.

Јака акција нема што!

Невидено!

Само, не е полициска, според правилата и кодексот на полицијата, туку аматерска, насилничка, и употреба на несразмерна сила во људство и средства, без претходна проценка на дадената ситуација.

Класично изживување, какво впрочем го имавме во тие изминати 11 години, за време на Режимот.

Момчето наводно го прекршило полицискиот час, бидејќи со неговото кутре, половина час пред дозволеното време, се враќал од негов другар од исто маало.

Мислиш во најмала рака, момчето сериозно го загрозило националниот суверенитет и територијалниот интегритет на државата.

Срамота бре Министре!

За да биде уште поголема срамота, замислете полицајците облечени, мислиш одат на излет за 2-ри мај, ниту носат маски, ниту носат заштитни ракавици, ниту држат пропишана социјална дистанца од 2 метри.

А пазете, апсат младо момче кое го ”прекршило” полицискиот час, воведен во борбата против ширењето на пандемијата, предизвикана од Ковид19.

Која срамота, кое незнаење во практикувањето на власта во МВР.

Зошто Министре не е поделена заштитната опрема која во поголеми количини ја доби како донација, или се набави за полициските службеници!?

Каде е таа опрема!?

Или само за сликање е!?

Имате ли дадено НАРЕДБА сите полициски службеници на терен задолжително да носат заштитна опрема (маски, ракавици, визии). Ако имате зошто не се почитува таа наредба!? А ако немате, зошто немате таква Наредба!?

Вие Министре сте на чело на МВР, и морате да водите сметка, да вложите големи напори и знаење во овие многу тешки моменти во земјата, сите служби во министерството да функционираат беспрекорно.

Ако не знаете, прашајте, има луѓе што знаат, тоа не е срамота.

Не го доведувајте во прашање нормалното и законско функционирање на Министерството во ова време-невреме.

Чаламење, покажување мускули и прекршување на Препораките и Одлуките на Владата во време на пандемија не смее да има. Тоа е казниво со Закон.

Вие сте на чело на оваа многу важна институција и одговорноста е ваша и само ваша.

Не смее да се греши.

Барем не сега, во ова време…

Томе Милошевски – поранешен началник во МВР и помошник министер