Со утрешната инаугурација, Гордана Сиљановска Давкова и официјално станува нов станар на претседателската резиденција на Водно.
На собраниската седница пред пратениците од стариот состав, таа ќе даде свечена изјава од која ќе дознаеме на која држава Сиљановска Давкова ќе биде претседател.
За многу скоро очекуваме да биде конституиран новиот собраниски состав и новиот претседател на Собранието, кој ќе дојде од редовите на ВРЕДИ. Што значи дека новиот собраниски спикер, наследникот на Талат Џафери, исто така ќе биде Албанец.
Со нетрпение се очекува и официјалното устоличување на Мицкоски во премиерското столче, кој веднаш потоа ќе ни соопшти која ќе биде земјата која, блазе нам, ќе ни даде супер поволен кредит од една милијарда евра.
Исто така, Мицкоски ќе го соопшти и новиот состав на Владата, која пак ќе ни каже кога ќе започне исплатата на пензиите линеарно зголемени за 5.000 денари.
Следуваат времиња на интересни одлуки. Бидете така!
ФБ став на Зоран Милошески