ВМРО-ДПМНЕ размислува да отпочне постапка за импичмент против Стево Пендаровски, за кого сметаат дека е „дел од мафијата на Заев“, која функционира „многу подобро од Коза ностра“. Бидејќи Пендаровски прогласувал вонредни состојби заради вирусната епидемија во земјата. На кои тие пред неколку месеци инсистираа да се прогласат, а и ги спроведуваа – лошо! – додека беа дел од техничката влада.

Ауууууу, каква бесмисленост на постоењето. Овие немаат поим ни што да прават со себе, ни со партијата, ни со јавноста. Со своите портали и една телевизија си живеат во сопствена виртуелна реалност, во својот црно-црн свет, ограден со висока бодликава жица и се допингуваат со инекции со висока концентрација на фабулозни емоции и ирационалност… Речникот им е ескалиран („хунта“, „мафија“, „терористи“, „режим“ и сл.), чувствата им треперат како да се на прв љубовен состанок, мислам дека и на спиење одат во маскирна униформа.

Ова не го кажувам со желба за подбив – како што веројатно звучи – бидејќи Македонија помина низ една деценија од нивното владеење кога многумина обични и помалку обични граѓани се чувствуваа како да се во концентрационен камп, под реален притисок, со вистински (докажани) следења, со бројни потврдени вознемирувања, до толку што дури сега и тогаш истакнатите и долгогодишни функционери се пријавуваат како жртви на тој, реално, НИВЕН и „наш“ режим.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Слободен печат на следниот ЛИНК.