Една недела по изборите, страстите спласнуваат и работите полека си доаѓаат на свое место. Никој паметен повеќе не се сомнева во тоа кој ќе биде мандатарот на идната влада. А главниот „виновник“ не е ни во Скопје, јаде баклави во Преспа…

Во меѓувреме, го читам составот на новата пратеничка група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и, со исклучок на Стоиљковиќ и Мизрахи (однапред се извинувам ако сум пропуштил некого), гледам на списокот само горди етнички Македонци и Македонки. Честитам, комити!

А во коалицијата „За обнова на Македонија“ бројам десетина етнички партии кои „истрчаа“ заедно со ВМРО на овие избори – никој од нивните претставници не добил реална шанса да стане пратеник во новиот собраниски состав. „Обновава“ повеќе личи на обично варосување.

Погледајте ги пратеничките (или министерските) состави на модерните европски конзервативни, десни партии – на пример, кај Британците, Холанѓаните или Германците – и ќе ви стане јасно дека, иако во тие земји недоминантните национални, религиски или расни заедници се помалубројни од шареното етно-богатство во Македонија, тие не ни помислуваат да направат „чисти“ листи кои не би ја одразиле, макар и симболично, општествената реалност во нивните земји.

Нема ни еден Албанец, Турчин или Ром што може да ги застапува интересите на ВМРО-ДПМНЕ? Партијата која ги присвојува идеалите на Крушевската Република?

Е, нема.

Ова е една од централните теми со кои треба да се занимава, наводната, претстојна идеолошка реформа на ВМРО-ДПМНЕ во опозициските години што им претстојат. Во спротивно, ќе си бидат осудени на тоа самите да си се прогласуваат за изборни победници и да гледаат како други – „за влакно“, макар вагинално, ама со политичка дебелина на ортома – создаваат влади во земјава. Три пати губат избори на таа тема и тврдоглаво ништо не учат.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Фронтлајн на следниов ЛИНК.