Лажните патриоти по секоја цена бараат начин да се спречи наше полноправно членство во ЕУ… Колку е ЕУ добра за Македонија воопшто не им е важно… Важно е што тоа би се сметало за успех на оваа власт… И затоа е паниката…
Единствениот спас лажните патриоти го бараат во влошување на односите со Бугарија… Бугарија е нивната шанса…
Ќе каже некој политичар од Бугарија нешто лошо за Македонија и лажните патриоти паѓаат во делириум од радост…
Во таа борба, за по секоја цена да се влошат односите со Бугарија, се вклучија и некои будимпешт… овааај… и некои македонски медиуми…
Во Битола од ВМРОВЦИ беше запален бугарски клуб којшто го отвориле ВМРОВЦИ… Иако тој бугарски клуб постои многу години (на друга локација), нив сега им текна да го палат…
Во Охрид ВМРОВЦИ претепале газда на бугарски клуб којшто е ВМРОВЕЦ…
Што е следно?
Мицко да се степа со Хер Флик? Или лигњата со дибекот? Геро и Милчин да се прскаат со бои? Или Весна Бејби и Ванковска за коси да се фатат?
Се протестира од двете страни на границата…
ВМРО протестира во Македонија…
ВМРО протестира во Бугарија…
Циркузи…
Убаво вели другар ми Љубомир Шоповски… Нема македонско ВМРО и бугарско ВМРО… Има само ВМРО…
ВМРО е ВМРО!
Сега демек им смета влегување на Бугарите во Уставот… Фактот што со еден таков чин автоматски во историја одат сите муабети за ‘един народ в две държави’, само дополнително им создава нервоза… Бидејќи тие никогаш не се борат за решавање проблеми… Тие се борат за ХАОС!

ФБ статус на Ацо Лукароски