Разбирам, ја градат својата политичка платформа на „вечна“ конфронтација. И кога се на власт и кога се во опозиција, најмал проблем им е да „најдат“ непријатели, а ако ги нема, да си ги создадат.

Тоа е една бескрајна, мачна и мрачна приказна, без многу логика. Една тотална бесмислица за разни херојства и предавства, жртви, митови и легенди од некоја паланечка крчма во која ништо не се променило во последните 200, можеби и повеќе години.

Лажен патриотизам, силно закиселен со лажен морал и патријархалност со кои се оправдуваат насилството врз жените, децата и поинаквите. Нетрпеливост и омраза како високо дигнат штит за одбрана од знаењето и логиката. И за кукавичко бегство од одговорноста за тешките криминали.

Разумните луѓе не се помалку погодени од промената на името на државата. Но јасно ги гледаат и придобивките. За разлика од партиските поклоници на криминалците во политиката. Сепак, со малку напор, можам да прифатам дека некои луѓе, едноставно, немаат моќ да разберат што, всушност, (не) изгубивме, а што сѐ добивме со Преспанскиот договор. Нивните партиски шефови добро знаат кои се придобивките, но токму тоа и неизмерно ги озлобува.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.