Денеска учествував на дебата во МЗШВ на (омилена) тема Договорно производство на сончоглед и пченка.

Уште кога видов кој се’ е поканет на средбата, главните носители на ова производство кај нас, знаев дека овде ќе има сериозна дебата. Се искажаа реални проблеми но и решенија кои ќе придонесат за поголем развој не само на договорното производство туку и на зголемувањето на површините под овие култури.

За поздравување е оваа своевидна акција на министерот Љупчо Николовски кој во ова време на светски турбуленции во обезбедувањето на храна ја има клучната и одговорна улога во државата. И неговиот настап беше во тој правец, директна поддршка упатена до оние што ја живеат оваа проблематика, само да се зголемат површините и приносите од сончоглед и пченка.Од искуство, ваков конструктивен состанок на кој се побара конкретна поддршка и модел како да се реализира не се случува често. Но тоа е единствениот начин на брзо делување на институција согласно случувањата кои се на светско ниво, а прелеани на домашен терен.

Очекувам ова делување на министерот Николовски и воопшто на целото Министерство за земјоделство да се наметне во Владата и да ја добие максималната поддршка и од премиерот. Според денешниот состанок, натаму се движи процесот.

ФБ статус на Ленче Николовска