Во интервјуто на вицепремиерот Бујар Османи дадено за „Слободен Печат“ веднаш по пласирањето на предизборниот слоган „Време е за Албанец премиер“ меѓудругото тој го изјави следното: „Морам да кажам дека граѓаните во 2016 година одлучија Никола Груевски да биде премиер. ДУИ одлучи Зоран Заев да биде премиер“. Двете констатации се погрешни, верувам дека и Бујар го знае тоа, но неговата цел е повторно да прикаже дека единствено ДУИ е тој одлучувачки фактор за секоја голема промена во македонското општество или парафразирано „што ќе науми ДУИ тоа и ќе се оствари“. Исто како неговиот сопартиец Груби, но во помека варијанта. Како главен претендент за столицата на Али Ахмети мора да продолжи со обидите за дефакторизација на другите албански партии за да утре има на што да седне.

МАКЕДОНЦИТЕ ОДЛУЧИЈА ГРУЕВСКИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР

За мене е многу фрустрирачки што се уште луѓе се „лепат“ на оваа теза земајќи ги предвид изборните резулати од 2016 година, а заборавајќи ги притоа околностите, пред се заборавајќи на 11-годишното владеење со уцени и закани и се разбира поткуп. Изборите во 2016 беа далеку од слободни затоа што гласањето под закана и уцена е токму спротивното. Како ли само луѓето брзо забораваат што беше карактеристика на тие и на сите претходни избори организирани од ВМРО-ДПМНЕ, беа се, само не израз на слободната волја на граѓаните. Зарем заборавивте на списоците кои секој вработен во админстрацијата мораше да ги однесе во партискиот штаб, зарем заборавивте дека луѓето беа приморани да го сликаат гласачкото ливче како доказ дека гласале за партијата, зарем заборавивте на „гасењето лифтови“ или „гласачите од Пустец“. Многу е лесно да манипулираш со човек кој си го вработил и кој издржува едно семејство и му укажеш дека ако не гласа за партијата што го вработила, ќе го изгуби работното место. Во истиот момент неговиот видик се стеснува, тој не размисува повеќе со главата туку со стомакот, односно размислува само за опстанокот на неговото семејство. И покрај сето ова резултатите на изборите во 2016 година беа 437 илјади за СДСМ и коалицијата наспроти 455 илјади за ВМРО-ДПМНЕ, разлика во само 18 илјади гласа. Од тие 455 илјади, минимум 100 илјади се резултат на закана, уцена и поткуп. Најголем доказ за тоа се наредните локални и претседателски избори каде полека, полека општеството почна да се ослободува од прангите на режимот, не целосно секако, но сепак почна да се создава клима на слободен избор. На локалните избори во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ освои 335 илјади гласови, додека на претседателските во 2019 освои 377 илјади. Доколку народот навистина сакаше Груевски или неговите наследници се уште да владеат тоа ќе се реализираше во бројки.

Целата колумна на Ерол Шаќири за Слободен печат на следниов ЛИНК.