По губењето на власта во 2017 и откривањето на аферите за прислушување, расветлувањето на криминалите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ, загорзената демократија, упадот во Собранието и обидот за убиство на шефот на тогашната опозиција Заев и наивното „многу значајно патување“ на Груевски во Виена, во секоја демократска држава би значело крај за таквата политичка елита. Навистина, првиот човек на партијата емигрираше и таа доживеа клиничка смрт, го подвитка ‘рбетниот столб свесна на сопствените грешки и слабости. Меѓутоа, заради индолентноста на судската власт и Специјалното јавно обвинителство, самото членство на ВМРО-ДПМНЕ беше пријатно изненадено, што само еден функционер од хибридното ВМРО-ДПМНЕ настрада во судските процеси. Партијата не успеа да направи политичка катарза од нечистотијата и затоа во нејзиното раководство сѐ уште фигурираат голем број „асови“ од епохата на авторитарна Македонија зад кои се влечат тешки криминални афери.

Фрустрирани од губењето на власта и стравот од судските процеси, раковдството се определи за црна кампања, со негативни и навредливи наративи за лидерите на СДСМ. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ тргна со истата приказна, која во времето на Шарената револуција, им ја лепеше тогашната опозиција. Меѓутоа, аргументите на ВМРО-ДПМНЕ се недоволно убедливи. Во недостаток на инспирација и теми, го прикажаа оној неуспешен спот за „искривениот ‘рбет на Македонецот“ заради компромисот со Грција, потоа темата „заминување на младите заради“ No Futur и корупцијата, иако главниот бран на мигрирани граѓани од државата се одвиваше токму во епохата на единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Црната кампања преку „корупција и организиран криминал врз темата ‘Рекет’“ потсетува на народните умотворби за ишкањето на мувата. Талентираните спин-доктори на ВМРО-ДПМНЕ со многу пари ја раширија аферата „Рекет“, барајки некаква хистерична одмазда кон Заев, иако вердиктот за дел од актерите беше донесен.

Што се однесува до слоганот „Обнова“ лично сметам дека е позајмен на филмот „Исправи се Делфина“ на Александар Ѓурчинов, во кој се прикажува компилација на приказната за младата девојка која решила да ги надмине сите тешкотии и разочарувања на животот и сака да го преплива Ла Манш и подвигот на Атина Бојаџи. Овој слоган од семиотичка гледна точка многу зборува за ВМРО-ДПМНЕ. Прво, изгледа дека и во однос на стратешките концепции ништо ново не се случило со ВМРО-ДПМНЕ, бидејки пред некоја година партиската кампања се фокализира врз слоганот „Преродба“, кој е синоним на сегашниот слоган. Меѓутоа во тој временски период, ВМРО-ДПМНЕ имаше изградено совршен модел на перманентно победување на изборите и се изјасни за парола, во која партијата во следниот мандат би ја обновувала и препородувала државата.

ВМРО-ДПМНЕ фројдовски се препознава низ слоганот „Обнова“. Денес навистина на ВМРО-ДПМНЕ му е неопходна обнова и преродба и најрационално е таа да ја почне во сопствените редови, со оглед дека постојат неколку нови ликови кои немаат путер на главата и се мошне перспективни, интелигентни и разборити млади луѓе. Сепак, за да го искористи на најдобар можен начин новиот почеток, ќе треба да покаже зрелост на изборите и да ја неутрализира она скриена малициозност, неаргументирана агресивнист, употребата на лажните вести и постепено да си го исправи подгрбавениор ‘рбет кој го носи од времето на авторитаризмот.

Целата колумна на Нано Ружин за Независен на следниов ЛИНК.