Ако е нејзин гласот на снимките што се објавуваат деновиве, Јелена Жугиќ ја одигрува својата животна улога. Таа и нејзината партија не се борат против Заев, туку против Брисел и Вашингтон. И потврдува дека тоа што го говори на снимките се мисли и ставови на нејзиниот претседател, Мицкоски кој, ако си замине, сите ќе заминат, а партијата ќе им ја преземат криминалци. „Ни го осудија Груевски за мерцедесот…“ – вели таа, растреперена, возбудена, патетична… Нема потреба да се аргументира посебно, доволно е само да се преслуша снимката, за да се сфати дека ВМРО-ДПМНЕ има голем проблем. Многу голем проблем. За среќа, колку и да се трудат, проблемот не успева да се излее од нивното заматено партиско корито. Сепак, Мицкоски мора да се одлучи, дали не спие поради Заев или поради Брисел и Вашингтон…

Овие „патриотски“ говори се објавуваат во „вистинско време“. По извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, со која националистите и криминалците во политиката се соочуваат со санкции поради негирањето и попречувањето на имплементацијата на важни договори како Преспанскиот, Охридскиот и Дејтонскиот, се јавија политичарите со најголема мува на капата. Националистичките и ултрадесничарски партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица, не чекаа објавување на листата, туку веднаш се „кандидираа“ за високо место на „црната листа“ на САД.

Целата колумна на Џабир Дерала за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.