Заради нелегално работење, без договори за концесија и надвор од сите законски процедури, заради градење објекти и узурпирање државно земјиште во заштитената зона на езерото, доскорешниот охридски градоначалник изминатото лето отстрануваше платформи и објекти на повеќе плажи на Охридското Езеро.

Од следната година, истите тие плажи новоизбраниот градоначалник ќе ги давал под концесија, што е спротивно на законот и на препораките на УНЕСКО.
Ако е така, останува уште да се реализира идејата на Грујо: да се изгради парапетче околу езерото, да се донеси некој трактор песок на плажите, да се фрлат 3-4 тони сол во езерото и конечно да се оствари вековниот сон на библискиот народ – Македонија да има излез на море!

ФБ статус на Зоран Милошески