Да бидиме начисто: сите 3 натпревари ракометарите ги одиграа многу слабо, малодушно, без почит кон дресот кој го носат. И заради сето тоа заслужуваат критика.
Анализата ќе покаже каде се погрешило, чија е вината за лошите резултати, дали е потребна смена на Лазаров, кои играчи треба да излезат а кои да влезат во националниот тим. Така би постапиле ракометните федерации во земјите со изградена, не само спортска традиција.
Ама, ова е Македонија! Овде секој се’ знае и се’ смее – да оцрнува, бербати, плука и колни до деветто колено!
Нас не’ води омразата, не разумот. Нам ни треба крв, не љубов. И затоа не ни фалат душмани. Оти на Македонецот најголем душман му е – Македонецот!
Напред Македонија!
ФБ статус на Зоран Милошески