Ова ВМРО (демек Македонско) очигледно е, како и до сега, ПОД СЕРИОЗНА КООРДИНАЦИЈА, бидејки така наредил Штабот (Квартирата-за да разберете). Координирано вревеа со “сличните“ преку граница“. Палеа огнови. ширеа говор на омраза, се јуначеа, а во поедини случаи, дури и некакви парламентарци, како овде, а повеќе Таму, стасаа до улоги на Национални Паљача. Но, демократијата (каква-таква) за “нивните“ преку граница (“не знаат едни со нашиве/нивниве, дека се во истиот тим!“) не пробија цензус, останаја без позиција за кревање шамата, овие тука МОРАА да појачуваат со “иницијативи“ и да ја држат темата “во живот“.И, ете ги со Резолуција. Еееј, Резолуција од група која кај да е со правосилни пресуди ќе си влезе кај бегот-Идриз, или ќе замини во Јанка Пуста (пардон, Будим). Ако успеат со Резолуција слична на онаја која НИВНИТЕ, заради очаните околности ТАМУ, успеаја да ја провнат во парламентот им, од онаа страна на границата, ЗАДАЧАТА ЌЕ ИМ БИДЕ ЗАВРШЕНА и сите АВАНСИ (плати за лакеи) досега, исплатени.
Така е тоа со балканските инсталации, скоро двесте години. Сакате ТУКА, сакате со оние “преку граница“!
Колку се јадни и бедни, а ОНОЈ под разни истраги, судски процеси, “Моќникот“ е ТОЧНА “Лика и Прилика“ на сите досегашни трагедии, како и сличните ликови преку границата, на ужас. ама и срам, на нормалните како таму, така и овде.
А толку е просто. Како кај ОНИЕ “преку граница“ ќе згусти, ете Ти ја , “Македонската Карта“.! А, штом оние преку границата, се фатат, или се фаќале, за таа карта, тоа значи/значело дека се на погрешна страна и губитничка, на сегашноста, а особено на Историјата, разбира се! Вклучително и нашиве/нивни лакеи.
Штета, оти ниту оние во Бугарија, ниту овие нашиве, локални дрипци, можат да бидат автентични сакате бугари, сакате македонци и да бидат најдоброто од нациите на кои бесрамно се повикуваат. Но со криминалците е секогаш така и тука од помош се само “решетки“.
Слугата си е слуга и Тој само служи. Ништо повеќе.
Кому?
За тоа белки сите знаеме. На некој Голем Брат, со големи Карти, со големи амбиции и капацитети за големи бељи, а никогаш од помош на неговите, ѓоа, браќа.
ФБ статус на Ѓунер Исмаил