Во моментот се случува опасна релативизација на настаните од 27 април 2017. Сега опозицијата и нивните епигони спремаат нова сплетка: тие (кои релативизираат/ негираат/ се прават мутави) треба да се претстават за помирители кои народот ќе го обединат заради “светла иднина”, а Заев да го претстават за осветољубив и брутален, што претставува една страшна лага. Таквата теза/лага ќе се форсира во иднина, и ќе води кон нови расколи.

За вистинољубивите: кривичниот суд донесе пресуда за настаните од 27 април 2017. И нема тука што да се релативизира или да се лаже со “Не знаеме дали имаше или немаше тероризам”, како што се обидува денес Калаџиев да каже.

Сепак, да бидеме искрени: овие тези ќе бидат кампањски; овие тези ќе се форсираат за да му наштетат на премиерот Заев. Ако ова им пројде, следен чекор ќе биде проблематизирање на договорот од Преспа, а следствено на тоа, ќе се преиспитуваат сите негови политики од 2017 година наваму.

Но, имам и поинакви зборови за новите моменти. Во оваа национална кампања која ќе биде вперена против Заев, нашата работа бара од сите нас да бидеме регрутирани. Овој пат, борбата ќе се води за душата на нашата нација.

Гледаме опозиционери кои им се умилкуваат на диктатори во странство; гледаме повторно закани кон инакумислечките, а исто така гледаме и опозиционери кои од петтни жили се обидуваат да ја заштитат таа олигархија која или е во затвор или е во судница. А гледаме и тоа дека се спрема стратегија за релативизирање од настаните кои беа судски архивирани под името “27 април”, настани за кои Кривичниот суд веќе донесе одлука. И таа одлука нема никаква врска со Заев, туку има врска со Кривичниот законик.

Знаете што. Јас мислам дека ние сме подобри од ова што денес притаено се иницира. Македонците и Албанците знаат дека сме подобри од ова. Но, ќе мораме да го докажеме тоа. Ќе мораме, по се изгледа, повторно да се бориме за некои вистини за кои мислевме дека веќе се бевме избориле.

На крајот, но не помалку важно. Премиерот Заев е биран од македонци, турци, срби, бошњаци, роми, албанци… таа разноликост во неговиот премиерски суверенитет е најголемиот показател дека нацијата во себе има еден универзален карактер претставувана од човек што искрено и вредносно може да обедини. Таквата сила човека го тера на воодушевување и искрена почит.

За таа цел оваа кампања од сите нас ќе бара да се регрутирани. Локалните избори ќе бидат борба за душата на нацијата.

Нашата борба мора да продолжи како што почна; така што секогаш ќе ја зборуваме ВИСТИНАТА!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ