Партијата на Мицковски се најде во чудо уште не почната со работа.
Почна јавноста да дознава за станови на нивни министри во Шпанија, Португалија и Бугарија, се појавија министри со бугарско државјанство и бизниси во Бугарија но кои се против внесувањето на Бугарите во Уставот, се открија скапите часовници на Мицковски, скапите подароци во стотици илјади евра на Јанушев, се открија скапите авио билети на клучните министри за патување во САД и нивната демагогија за скромност и домаќинско трошење на буџетот, се дозна за некој кредити од Унгарија во висина од половина милијарда евра за почеток добиен со ниска камата под чудни околности и заради нејасни причини, стана јасно дека немаат план за враќање на името и изнаоѓање креативни решенија за влез во ЕУ, и сосема јасно дека немаат намера да ја зголемуваат ниту минималната плата, ниту платите на здравствените работници, ниту да решат барем еден проблем со кој ветија дека “Македонија ќе ја направат повторно горда”.
И за сите тие несмасности, неснаоѓања, грешки и погрешни потези и политики, виновни им се лидерот на СДСМ Филипче и “лошиот ПР на таа партија
Сто пати повторија дека Филипче со помош на Заев ја киднапирал партијата за свои потреби, односно заради наводна заштита од криминалот што го правеле додека биле на власт и повторуваат упорно дека СДСМ со таков лидер ќе пропаднал како партија
Уште почесто од нападите врз лидерот го критикуваат ПР от на СДСМ кој бил толку лош што на следните избори СДСМ нема да освоил ниту 100тина илјади гласови.
И кога ги слуша човек, се прашува за кого навива ВМРО ДПМНЕ?
Ако е лош лидерот на СДСМ и ако лошо ги водат своите односи со јавноста, тие од ВМРО ДПМНЕ по логиката на нештата треба да се радуваат,
или барем не треба јавно да му кажуваат и да го подучуват СДСМ дека греши, туку да си молчат, додека според нивната логика ,заради лошиот лидер и лошиот ПР ќе пропадне.
Но, се чини дека друга е болката.
Ги боли разоткривање на грешките што ги прават. Ги боли видливоста на измамата со која добија огромна подршка од граѓаните. И затоа според нив тој вид на разоткривање е лоша политика и наводно “дно” во политичката комуникација.
Не се тие загрижени за СДСМ, тие се само уплашени за себе.
И само затоа се обидуваат да ја дискредитираат таквата критика како не фер,како лош пример, ги оцрнуваат критичарите со измислени работи и им се закануваат со единствена цел да ги замолчат. И мислат дека со тоа ја завршиле работата.
А треба само да си ја препрочитаат приказната за Царот Тројан што имал козји уши.
Лошата политика што ја водат нема да може да ја покрие ниту ПР што би го платиле со многу пари ниту обидите за замолчување на оние што си дозволиле да гледаат што прави власта и јавно тоа да го соопштуваат. Тоа за сега ниту на Орбан целосно не му успева.
Фб став на проф. Ѓорѓе Спасов