Драги пријатели,

Следува карантин од 4 дена. Оваа година Велигден сите ќе го прославиме поинаку од тоа што ни било традиција. Ќе помине и ова и сите ќе излеземе похрабри од оваа криза, но сега, во овој момент, најважно е сите да останеме дома и да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство.

Знам дека деновиве сите се подготвуваме за Велигден и би сакал да ве замолам, одржувајте 2 метри растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи.

Држи растојание!

Се гледаме на врвот

ФБ статус на Коста Петров