Последната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен да гласа за промени во Преамбулата на Уставот, со што Бугарите би биле вклучени во неа, доколку добие гаранции дека Бујагарија нема веќе да поставува нови услови и вета, беше дочекана со критики.

Беше обвинет дека бргу ги менува ставовите и дека никогаш нема конзистентен став.

И навистина тој до само пред неколку денови цврсто стоеше на ставот дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во Преамбулата.

Факт е и тоа дека иницираше и Референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија како извор на „сето зло“ за „бугаризација на нацијата“ и како револт од усвојувањето на Европскиот предлог (познат како Француски) во кој тој и неговата партија видоа замка која на Македонија нема да ѝ донесе ништо добро, организираше и протести кои ескалираа во насилство.

Но, ако за некоја промена на ставовите, Мицкоски заслужува поддршка тоа е токму најавата дека кај него постои подготвеност за поддршка на европскиот пат на земјава, што де факто се интензивира со почеток на преговорите.

Ако сакаме да бидеме докрај искрени, ВМРО-ДПМНЕ никогаш и не бил против промена на Уставот и внесување на Бугарите во нашиот Устав, како дел од народ како и останатите етнички заедници кои сега се споменуваат во Преамбулата.

И Чешка, сега претседавач со ЕУ, ослонувајќи се на свои извори тврди дека уставните измени ќе поминат без проблеми во македонското Собрание.

Она што Мицкоски го бара како против услов за неговата партија да ја подржи иницијативата, е гаранцијата дека македонскиот пат кон ЕУ нема веќе да биде поплочен со ирационални препреки од бугарска страна и од нивно негирање на македонскиот идентитет во завршна фаза од преговорите.

Вака поставен условот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема мана и е мелем за ушите на сите граѓани на кои им здодеаја секојдневните провокациии кои бугарската страна ги испорачуваше кон Македонија.

Но, мора веднаш да се каже дека условот што го бара Мицкоски е дипломатски неиздржан или најмалку што може да се каже е упатен на погрешна адреса – Брисел.

Целиот став на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниов ЛИНК.