И по осум месеци живот во „новата нормалност“ се чини дека поголемиот дел од граѓаните на Македонија не научија ништо, бидејќи одново сме на почетокот – пред воведување на најрестриктивната можна мерка.

Последното оружје во борбата на Филипче со несовесниот народ е уште еден пакет на мерки пред онаа најригирозната – полициски час.

Маски на отворено, ограничување на јавниот превоз на педесет отсто од целосниот капацитет и препорака цела јавна администрација да ротира во смени, всушност е финалниот обид на Комисијата за заразни болести да направи пресврт во цела ситуација пред да се најдеме во истиот ќорсокак како и пред осум месеци.

Токму пред осум месеци требаше да почнеме да учиме за вирусот, заедно со епидемиолозите, докторите и од нас граѓаните се бараше да се адаптираме на новите предизвици – да се научиме да носиме маски, да миеме почесто раце и да држиме дистанца.

Кога ќе ставиме на вага нашите обврски и задолженија, тие едноставно неможат ниту да се споредат со оние на експертите, кои имаа за цел да дефинираат еден невидлив непријател од кој стравува цел свет.

Нормално, не е за потценување ниту прифаќањето на оваа ситуација од страна на големата маса, промените на начинот на функционирање на сите објекти во сите сфери, но оправдување за ненаучената лекција едноставно нема.

Оправдување нема и не смее да има бидејќи наместо да се слушаат препораките, добар дел од граѓаните го трошеа времето да докажат дека вирус нема и министерот нѐ манипулира.

Целата колумна на Михаило Донев за Слободен печат на следниот ЛИНК.