Јас лично мислам дека составот на влада кој го нуди Мицковски можеби не е најдобар и најквалитетен, меѓутоа е најсоодветен на нивото на интелигенција и разбирање на власта на мнозинството граѓани на Македонија.
Во наредните три дена ќе пробам тоа да го претставам преку презентација на цртички од биографиите на дел од понудените кандидати за министри во новата влада (при што за друг пат ќе ја оставам анализата на нивната интелигенција и интелектуални капацитети).
Во три наврати ќе опфатам 18 од кандидатите за кои во недела ќе гласа и Собранието на Македонија.
1. Премиер ќе биде Христијан Мицковски.
Toj е како створен за оваа позиција по неколку основи.
Прво, бил близок соработник, советник и голем поддржувач на диктаторчето Груевски (кое со мака го симнавме од власт). Второ, го прекршил законот со тоа што бил асистент кај сопствениот татко. Трето, добил концесии за хидроцентрали додека бил директор на ЕЛЕМ. Четврто, учествувал во упадот во Собранието и тепањето пратеници. Со сето ова станува
2. Министерство за одбрана ќе го води Владо Мисајловски.
Тој го исполнува првиот услов, бил дел од режимот на диктаторчето Груевски. Второ, се покажа како млад и надежен кадар кој од помлад соработник во Кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија се прошета по раководните позиции низ државата (министер, државен секретар, директор, се пред наполнети 30 години) и како директор на Јавното претпријатие за државни патишта, го започна генерацискиот проект за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Трето, осуден е за нанесување тешки телесни повреди што го прави посебно соодветен за борбата против криминалот во Македонија.
3. Златко Перински ќе биде министер за локална самоуправа. Доказ за неговата компетентност за оваа функција е тоа што:
– Бил кадар на Груевски
– Бил директор на спортскиот центар Борис Трајковски
– И директор на водовод
Тој е исто така еден од кадрите кои ќе се борат против корупцијата и криминалот бидејќи бил разрешен од директорското место во водовод заради сомнеж за несоодветни тендери.
4. Љупчо Димовски ќе биде министер за политички систем. Соодветен за оваа позиција го прави тоа што:
– бил министер во времето на Груевски
– бил министер за земјоделие што е исклучително важно во стекнувањето искуство за министерството за политички систем.
– учесник е во нападот на Собранието и тепањето на пратеници
– И секако, оној посебен услов кој треба да се исполни како доказ дека беспрегорно ќе се бори со корупцијата и криминалот – бил под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште
5. Александар Николоски ќе биде министер за транспорт и врски.
Секако и тој го исполнува главниот услов да е еден од пулените на Никола Груевски и учество во упадот во Собранието. Целата негова досегашна политичка кариера го подготвува за позицијата министер за транспорт и врски (партиски војник од кариера израснат во Собранието како прво и последно вработување).
Сепак, најсоодветен за светата задача борба со корупцијата и криминалот го прави неговото учество во набљудувачките мисии во Азербејџан.
Кој може подобро да се справи со корупција од човек кој бил дел од меѓународен скандал во кој е наречен “лидер на измамничка мисија“.
6. Битката со криминалот ќе ја води Панче Тошковски како министер за внатрешни работи.
Навистина не можам да замислам поссодветен кадар за оваа позиција од експертот за недвижнини, и адвокат за имотно правни спорови и процена на недвижен имот.
Се разбира, еден од кадрите на Груевски.
Инволвиран во прекрасниот проект Скопје 2014 со кој Скопје влезе во светските туристички мапи како град на апсурдот.
Чиста коинциденција е и тоа што Мицкоски, како директор на ЕЛЕМ, склучил со него договори за адвокатски и советодавни услуги, во вредност од 25 и 143 илјади евра.
Што да прави човекот кога е супер адвокат.
ФБ став на Мирјана Најчевска