Мицкоски нè повикува на референдум. Искрен да бидам, повикот ме израдува. Неподнослив станува овој наш европски лет во место. 30 години транзиција и 30 години биполарност, меѓу -сакаме Европа, ама таа Европа е курва која само што не се распаднала од сите можни венерични болести – е неподносливо. Еве, се пријавувам јавно, да бидам еден од првите потписи на списокот на Мицкоски на барањето за распишување на референдум со услов референдумското прашање да соодветствува на суштината на оваа референдумска операција.

Молам отворено да бидеме сите ние прашани кратко и јасно – Дали сме за членство на Македонија во ЕУ – точка-прашалник… без извичник. Извичникот да оставиме да се запали во главите на секој еден од нас кој ќе излезе да одговори на референдумското прашање. Резултатот од референдумот го гледам како крај на една 30 годишна агонија која стана неподнослива за сите нас. Јас ќе гласам – ЗА – слушајќи ја сопствената совест и одговорност пред иднината на моите три ќерки. И секој нека постапи така, слободно нека го пушти гласот на сопствената совест, волја и одговорност.

Прашањето кое го предлага Мицкоски е демагошко и само уште една од серијата манипулации со јавноста. Дали го подржуваме Договорот со Бугарија е прашање кое без никакви дилеми оди во пакет со прашањата Дали го подржуваме Преспанскиот договор и Дали го подржуваме Охридскиот рамковен договор. Трите договори се столбови на нашата европска иднина и тоа го знае секој кој е и малку политички писмен. Евентуалниот пад на Договорат со Бугарија не може, а да не ги повлече со себе и Преспа и Охрид.
……
Референдумското прашање на Мицкоски е последниот обид за спасот на таа сивата транзициска моќ која се чувствува загрозена од европската иднина која никогаш не била поблиску на дофат.

Целата колумна на Борјан Јовановски за НОВА ТВ на следниов ЛИНК.