Не попувам, жими све

Ако само за момент заборавиме на себе, ако ја зауздаме себичноста, ако ги затвориме очите, а сепак успееме да погледнеме подалеку од носот…
Ако им влеземе во положение на сите заразени, на оние кои од вирусот веќе изгубиле некој близок, на сите оние кои во моментов го губат блискиот, таму некаде, на некоја од клиниките…
Ако помислиме дека погребите и испраќањата на оние кои се изгубени, се вон вообичаените стандарди…
Ако помислиме на илјадниците здравствени работници дел заразени во обидот да спасат, дел сè уште растрчани, премалени од работа, секојдневно изложени на разик…
Ако помислиме дека нивниот број се намалува и дека постои опција да нема кој да не услужи… дека во тој некој ходник на таму некоја клиника викајќи по доктор или сестра, ќе ни се врати само сопственото ехо…

Шо знам…
Станува многу тивко и може да се чуе гласот на разумот…
Во таа тишина, глупаво е да се дереш. Никој не се дере.
Во таа тишина никој не пребарува.
Таа тишина има некоја достоинственост и одважност и не трпи лигавење и тривијалности.

Таму е многу веројатно да го сретнеме човекот во себе.
Можеби не првиот пат… но…

После таа средба веќе ништо не е исто…
После таа средба не ти требаат веќе упатства “како да бидеш добар човек”…

Шо знам, тивко е, си мислам…

ФБ статус на Ирена Ристиќ