Го видовте ли дуелот на МРТВ, почитувани читатели, измеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски? Не беше тоа некоја епохална дебата, Заев можеше уште посилно и реторички многу подобро, а Мицкоски можеше да биде уште повеќе намуртен, мрачен и депресивен, како што само тој знае и умее. Сепак, моментот е интересен: се наоѓаме во предизборие!

Мрачните сили, ретроградната ВМРО-ДПМНЕ е „распиштолена“, се обидуваат да протнат повторно глупави тези од типот: „ќе правиме влада за национално единство“ (а, како може да биде нивното национално единство „единствено“, ако не ги вклучува нив лично, а ги исклучува сите други?); или какво национално единство може да постои, а тоа да не значи дека повторно ќе го озваничат стариот идеолошко-ментален брак со Никола Груевски?

Од друга страна, Заев е брз, не обраќа премногу внимание на тој срам и несреќа, создава ново парламентарно мнозинство со партијата „Беса“, а ако добро исчитувам, возможно е да направи коалиција и со Алијанса. Што значи дека е инклузивен, а со тоа и дека прави место за Албанците во новата влада. Така е добро, така е единствено исправно. Покрај тоа што се Албанци, и нека се, сите сме нешто во оваа земја, тие се и граѓани на оваа држава во која имаат свои права и одговорности.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.