ОВА ДОЗА АЛУМИНИУМ ЗА РЕАНИМАЦИЈА НА ПРОПАДНАТАТА ЛЕШПЕРСКА РЕВОЛУЦИЈА

По вчерашниот дебакл на Лешперската револуција, интервентно пристигна нова доза алуминиум и фејк њуз, очаен обид да се реанимираат и надуваат атрофираните и издишани презервативи, заедно со борбата за гола власт на левата и десната рука на мвро-вмро под маската на борба за Македонија.

Демек, Заев им прифатил сичко на Бугарите – трубат мегафоните на сите страни, од само ним познати извори. Повторно истата, „направете еден текст“ шема. Потоа текстот шлап на десетина-дваесет портали. Потоа, џвакање линч од ботови на Фејсбук и Твитер, мајки, шајки, „бесете го предавникот“. А резултат што се очекува: Лагата мора да е точна, „јавноста“ е против Заев!

Не им беше доста што се избербатија со вчерашниот „масовен“ митинг на кој меѓу себе си извадија очи. Не им беше доста што го повикаа народот да излезе на улица, а истиот тој им одговори – со присуство од 200 души.

И денес пак, упорни. Истите актери во оваа гротеска, од разни оратори и идеолози, преку куририте подмачкани со унгарско маслиново масло, до армијата плукачи и ботови, кои цела деценија ја уништуваа, ограбуваа, полнеа со омраза и оглупавуваа до слепило Македонија и нејзините граѓани – закаат да им поверуваме на лагите, да оглупавиме и ослепиме, да се мразиме и тепаме, да го нема Заев и тошката надеж што ја донесоа овие 3 години, да дојдат тие и нивниот убав свет.

Аман бе, лепотани, одморете малку од лаги и глупости. Или, ако сакате да бидете продуктивни, видете прво решете кој е појак од противниците на Заев и кој ги донесе тие 200 души пред Влада. Таа дискуија е далеку позабавна за викенд од овие курирски глупости.

ФБ статус на Петрит Сарачини