Имам едно јавно прашање до медиумските организации и нивните лидери:
Што е со овој долгогодишен молк и нереагирање за хајките кон мене и кон моето семејство?!
Не ви се допаѓам, не ви се допаѓа тоа што пишувам, не се согласувате со моите ставови, не ви е мило што ви пишував проекти, истражувања, програми и учествував во градењето на вашите капацитети и тоа што сте сега?!
За нападите кон мене и моето семејство со години молчите, иако добро знаете и гледате со што се соочувам. Наместо тоа, излеговте низ годиниве повеќепати да браните дури и медиумски лажговци, клеветници и криминалци?! Браневте луѓе кои со години спроведуваат хајки, поттикнуваат омраза и насилство не само кон мене, туку и кон десетици други ваши колеги?! Што е ова молчење или селективна одбрана? Според какви преференции?
Едно да разберете, јас нема да се откажам. Знаете добро кој сум. Знаете како работам, не како пријателчињата курири, туку со факти и аргументи.
За вашите постапки ќе бидат информирани и вашите донатори и меѓународната медиумска заедница. Да видиме дали ќе продолжите со овој стил, или конечно вистински ќе застанете во одбрана на јавниот интерес и слободата на говорот.
Играта завршува тука. Последниот случај ќе се тера институционално. Од тука натаму, секој со својата одговорност. А јас ќе ја барам одговорноста за нападите над мене и над моето семејство, и од оние што ги нарачуваат и спроведуваат овие напади, но и од оние што со години молчат за нив!
Извор: Цивил Медиа