Нашето тажно секојдневие е резултат на долгогодишното сеење омраза и свесното закрвување на граѓаните по секоја основа. Живееме во толку поларизирано и поделено општество, што повеќе не нѐ зближува и обединува ниту нашата среќа, ниту туѓата несреќа. Јазот е предлабок за да се сретнеме на половина пат.
Не е ниту до Турците, ниту до Грците, ниту пак до Бугарите. Се’ е до нас. Секој е ковач на сопствената среќа, само македончето на својата несреќа.
ФБ статус на Зоран Милошески