Советот за етика на медиумите во Македонија донесе одлуки: 4 веб страници, Вечер, Курир, Инфомакс и Нетпрес го прекршиле Кодексот на новинарите во известувањето за мојот твит на крајот на декември 2019, при што се обидоа да го манипулираат мојот став и да го претстават како навреда кон Македонците или македонските граѓани.
Советот за етика ја отфрли само претставката кон Република, иако констатира дека и таа била дел од копи-пејст нападот кон мене тој ден.
Иако не целосно, морам да ви кажам дека сепак сум задоволен. Што би рекол Галилео – сепак се врти. 4 одлуки во моја корист на Советот за етика се далеку од морална компензација за една децениска хајка кон мене и речиси секојдневно „спружување“ што го добивам од овие структури, но, сепак, е добар почеток.
Што научив јас, после повеќе години нереагирање на плуканиците и лагите кон мене? Не им молчете на медиумските манипулатори, бидете гласни и користете ги постојано и редовно саморегулациските механизми за подобрување на медиумското известување!
Само така ќе дојдеме до понормална ситуација во медиумскиот простор, кој е задушен од вакви структури кои им служат на центрите на моќ ширејќи ја нивната омраза, лаги, „алуминиум“, а не на граѓаните и јавниoт интерес.
ФБ статус на Петрит Сарачини