Развиените модели на родителско отсуство препознаваат разлики меѓу породилно, татковско и родителско отсуство.
Родителско отсуство е концепт што им овозможува на родителите поголема флексибилност при балансирање на работниот живот и родителството во текот на првата година од животот на нивното бебе. Воведувањето модел на родителско отсуство што ја препознава важноста на улогата на таткото во грижата за децата има многубројни придобивки за татковците, мајките и за децата, а придонесува кон системски промени во однос на родовата еднаквост: порамномерна распределба на домашните обврски и на грижата за децата, зголемување на инклузивноста на пазарот на трудот и намалување на дискриминацијата на жените.
Во новиот предлог ЗРО има предлог за посебна заштита на работниците за време на бременост.
Породилното отсуство ќе се дели на мајчинско, татковско и родителско отсуство.
Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена.
Мајчинското отсуство е предвидено да трае 5 месеци.
Родителското отсуство е предвидено да трае по четири месеци за секој родител поединечно.
Тоа значи дека мајката има 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство, односно останува на породилно отсуство со детето исто како и досега – 9 месеци.
Но, доколку овој предлог-закон е усвоен, се воведува и родителското отсуство од 4 месеци за таткото.
Доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителското отсуство на мајката, тоа значи дека породилното отсуство за двајцата родители ќе биде вкупно 13 месеци.
ФБ статус на Санела Скријењ