Мицкоски сака лидерски средби на кои без претседателот на државата би се расправале сите теми во државата. Еден вид тркалезна маса на која би се носеле решенија. А после за нивното евентуално лошо спроведување целата вина да се префрли врз оние што седат во владиниот кабинет

Нема ништо политички нелигитимно во барањето на лидерот на опозицијата да имало лидерска средба околу проблемот со Бугарија пред одлуката на ЕУ за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите. Откако пропушти многу можности да се вклучи во креирањето на новите политики кон соседите и беше против сите договори, опозицискиот лидер бара начин сега да ја вклучи неговата партија и преку лидерска средба да биде актер на сцената. Но клучното прашање е: каков резултат би имало од неа – дали таа би донела некаква корист или повеќе штета.

Христијан Мицкоски вчера изјави вака: „Како политичар не верувам дека нашиот источен сосед ќе ја блокира Македонија во евроинтеграциите зашто ако се суштински, не само декларативни изјавите на политичарите од кај нашиот источен сосед, тоа нема да се случи, и покрај сите авантури кои што ги направи Зоран Заев изминативе години“. Значи, ако не верува дека ќе има блокада од Софија, тогаш зошто би била нужна лидерска средба токму сега. Тој рече дека лидерската средба е потребна пред сѐ „околу преговорите со нашиот источен сосед“. Ако не верува дека ќе има блокадата од Софија, тогаш каква корист би имала средбата на политичките лидери „околу преговорите“.

Досега не слушнавме дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остварил некаков контакт со сестринската партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, со која заедно членуваат во Европската народна партија. Ако се сестрински партии, дали преку директни или посредни канали комуницирале овие два политички ентитети кои споделуваат заеднички десноцентристичку вредности. Или зошто, на пример, не го испрати партискиот функционер надлежен за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски, во Софија да може да ги претстави и партиските и македонските ставови околу чудните бугарски барања. Можеше дури да го испрати и Влатко Ѓорчев, кој од неодамна е doppelgänger на Муцунски. Ништо од ова не се случи. А можеби и не можело да се случи затоа што двете партии – ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ – имаат речиси замрзнати односи уште од времето на последните години на Никола Груевски. А се сестрински. Најавата дека Љупчо Георгиевски наредниве денови ќе оди во Софија на телевизиско интервју како своевиден гласник на Владата за да им укаже на бугарските политичари дека евентуалното вето би имало несогледиви последици за односите меѓу двете држави, доби огромна гласност и овде и преку границата. Мицкоски ја пропушти таа можност (која можеби и не сакал да ја има) и сега бара политички приклучок преку лидерска средба на која ќе може да поентира со партиските ставови.

Целата колумна на Љупчо Поповски за Независен на следниов ЛИНК.