ВМРО ДПМНЕ не победи на овие локалните избори! Напротив, ако си ги анализираат сопствените гласови немаат простор за радост! За конечна оценка ќе го почекаме вториот круг! Во секој случај Мицкоски во Скопје поддржа демек независен кандидат, а всушност класичен „командос со специјална мисија„ (многу брзо ќе видиме што е) … Во Куманово Мицкоски го шутна својот глумец и го „киднапира„ кандидатот кој беше останал без ангажман. Го зема демек за трофеј! Инаку …„Длабоката држава„ ја имате, како што гледате на политичката сцена овде, но, ја имате и во министерствата и во судовите, особено во јавните обвинителства, ако сакате ја имате и во медиумите … Пред Заев да го потпише договорот со Грција, и Македонија да влезе во НАТО, таа „длабока држава„ беше против (не против договорот со Грција), тие беа против влез на Македонија во НАТО! Се виде нејзиното силно влијание и на референдумот и на претседателските избори … Таа групација, зад завесата, и тогаш работеше против Заев и СДСМ! Сегашната цел им е ново парламентарно мнозинство, Мицкоски да ја преземе власта и потоа релативизација на се’ што се случува низ обвинителствата и судовите каде имаат свои јатаци. Затоа пред изборите повикаа на седнување на една маса на сите политички чинители. Демек трета светска војна. При тоа не понудија ни агенда (за агендата читајте на крајот од овој текст). Резултатот на овие локални избори е токму тоа … Опозицијата не победи, и не мрдна со гласовите нагоре! СДСМ изгуби од своите кои не можат да ја видат голема шума на можности од само едно дрво …

Малку од друг агол …

На првиот круг на локалните избори во Македонија се случи диверзија од страна на точки на моќ во земјата кои сигурно не се ВМРО ДПМНЕ, но, сепак некогаш беа СДСМ или моќ произведена од владеењето на СДСМ од почетокот на деведесеттите и подоцна после војната 2001. Заклучокот е дека е минирана силната демократска енергија (произведена од политичкиот концепт на Зоран Заев, а поддржана од меѓународната заедница САД и ЕУ) кој се нафати низ реформи да обезбеди длабоки демократски процеси, и искрен обид за правилно и по закон функционирање на институциите. Да наметне една нова парадигма за идниот развој на општеството преку концептот „Едно општество за сите“, да промовира минимум политичка идеологија, и длабока демократија кај партиите тргнувајќи со сопствен пример во својата партија, систем на политички вредности и цели до кои треба се стигне, како и коректна партиска демократија. Да промовира длабоки реформи со битни решенија кои не секогаш им се допаѓаат на граѓаните, но сето ова да не’ однесе и во остварување на втората стратешка цел, а тоа влез во ЕУ во догледно време (првата стратешка цел влез во НАТО е остварена).

Целата колумна на Љупчо Зиков за Капитал на следниот ЛИНК.