И сега, откако Законот за попис е веќе усвоен, не ми е сосема јасно заради што би биле повиците за негов бојкот: во прашање се здравствени грижи во однос на епидемијата или мотивите се „чисто“ политички (страв од резултатите, сомнеж во методологијата и подготвеноста на администрацијата, општа злоба и желба за поткопување на власта…)?

Бидејќи, разбирам, ако е референдум или кога се избори во прашање, дека зад тоа секако стои некаква политичка агенда кон која може да се има, макар и погрешен, политички став за бојкот – но, зошто е операција за спроведување попис прашање што треба да се третира како партиски проект или некаков меѓупартиски „заговор“ на власта насочен против… (изберете одговор)?

Околу епидемиските грижи, веќе имавме можност да се увериме дека, кога државата организира масовки, со строго почитување на пропишаните здравствени мерки, опасноста од ширење на заразата е минимална – и по ланските национални и по штипските локални избори, не се случи никакво битно влошување на здравствената состојба. Со оглед дека сега епидемиолошките статистики се далеку подобри и дека бројките за стекнатиот колективен имунитет – дури и со актуелниот дебакл околу вакцинацијата и непредвидливоста на вирусните мутации – даваат добра основа за (релативна) нормализација на општествениот живот.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.