Интересно е да се следи целата хистерија и драма која се направи околу последното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС. Се јавија сите да го расчеречат, жив да го изедат, да го наречат предавник, шиткач на македонските интереси, шверцер на идентитетот на македонскиот народ. Човекот кој не донесе до тука, кој со крвава глава дојде на власт со целата наша поддршка, кој ја имаше храброста уште на самиот почеток на неговиот мандат да склучи договор токму со Бугарија, кој ја имаше неверојатната храброст и упорност да го реши триесетгодишниот спор со Грција и со тоа да не внесе во НАТО и да добие поддршка од ЕУ за започување на преговорите, за во тој процес предавнички да биде стопиран од Бугарија во последен момент, и сепак да премине преку тој тежок момент и со сите сили да се потруди да најде решение со цел да не ја изгубиме европската перспектива, сега некои имаат лице да го наречат „предавник“? Извинете, ама човекот кој го отвори патот да бидеме членка на НАТО и со тоа еднаш за секогаш да бидеме сигурни и безбедни во нашето тло, а нашата безбедност да ја гарантираат САД, Германија, Франција и сите други 29 НАТО членки, не може во ниту една комбинација да се нарече „предавник“.

Откако ќе се сложиме за горенаведените факти, ајде да размислиме разумно и со ладна глава за ова што се случува. Ајде да одговориме со здрав разум на неколку едноставни прашања без разлика колку се болни:

Да започнеме од апсурдоста. Дали се апсурдни барањата на Бугарија? Целосно се апсурдни. И не само тоа, туку се и скандалозни. Мислам дека тука сите се сложуваме како граѓани на ова земја, сите, без исклучок, и верувајте тука поддршката е целосна од сите етнички заедници. Сите се фрапирани од однесувањето на една членка на ЕУ кон својот сосед, буквално сите, во Северна Македонија, во ЕУ и во светот.

Откако поминавме преку првичниот шок време е да разбираме дека тие барања се сепак суровата реалност со која се соочуваме и ситуацијата нема да се реши сама по себе (веќе знаеме дека такви ситуации, како тоа со името, не се решаваат сами по себе туку со голем напор и со јасен фокус кон тоа што треба да се достигне). Е сега доаѓа второто прашање: дали Бугарија е во ЕУ?

Целата колумна на Беса Арифи за НОВА ТВ на следниов ЛИНК.