Ахмети пак манипулира

Али Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на денот на потпишувањето на Рамковниот договор прави перфиден обид тој ден да го промовира во Ден на победата на Албанците врз Македонците.
Тој продолжува со политиката за етничка мобилизација на Албанците ставајќи се на чело на тоа етничко обединување во својство на воен конанданант на кого Груевски и ДПМНЕ му дадоа амнестија за хашките случаи за какви денес им се суди во Хаг на Хашим Тачи и други команданти на УЧК.
Соочен со губењето на монополската позиција во претставување на политичката волја на Албанците сега тој се обидува со валкана игра одново да се ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција. Ако лидерите на другите партии на Албанците се толку наивни да наседнат на овие негови трикови, нека им е на здравје.
Чудно како Али Ахмети не се сетил на таа средба да го покани и лидерот на СДСМ, партија во која членуваат и за која гласаат многу Албанци.
Но за него тие Албанци не се вистински Албанци или не се веројатно доволно големи Албанци како оние што гласаат и што ги полнат избирачките кутии за ДУИ.
Но така се однесуваше и Никола Груевски и видовме како заврши во политиката.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов