Сè додека ВМРО-ДПМНЕ не и ја врати на државата украдената “бела палата” нема право да говори за чесност.
Нема право да говори за морал, за солидарност, за својата загриженост за сиромашните и за патриотизам.
Нема право да говори ниту за некакви “нови политики” и нов тип на политичари во своето раководство.
Сè до тогаш тие се иста банда со Груевски која ужива во украденото и го користи за стекнување власт.
Сета нивна изборна викотница е сведена на борба да го зачуваат украдениот имот од народот и да се спасат од обвиненијата за нелегалното финансирање на партијата.
Од жолта куќа до бела палата стигнуваат само криминалци. На нив не може да им се довери власт. Затоа ум во главата.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов