За спотот со „мајстор„ Мицко

Прв пат синоќа го видов. И не само што е глуп туку е и плагијат од спотовите на Вучиќ кои беа масовно исмејувани во Србија.
Тоа се оние спотови во кои, во едно друштво на млади, еден од нив вели: „Недостасува само уште Александар Вучиќ кафе да ни носи лично по дома„. И одеднаш им влегува Вучиќ дома со послужавник на кој им носи кафе. Со тоа, писателот сакал да каже дека ако гласаат за Вучиќ, тој ќе им им ги исполни и најлудите желби, односно „нема нешто што Александар Вучиќ нема да го направи за својот народ„.
Во еден друг спот од таа кампања, на кој беа направени исто така пародии, Александар Вучиќ на мало девојче му ветува дека ќе прави патишта, железници и дека ќе го врати нејзиниот татко од печалба во Германија бидејќи тој е „чудотворецот„ кој ги исполнува сите желби.
Мицко имитирајќи ја кампањата на Вучиќ, прво во своите спотови, како чудотоворец или исцелител, почна да лекува луѓе со сериозни здравствени проблеми само со допир од неговата рака. А со овој, во кој се јавува во улогата на мајстор Мицко, отиде уште еден чекор понатаму и им вели: „Јас лично, како мајстор, ќе ви направам куќа, и тоа од темели до кров, со нови прозорци и енергетски штедлива фасада а и за пари не се грижете, јас како мајстор ќе ви обезбедам„.
И луѓето во спотот, и млади и стари вистина веруваат. Сироти. Немаат избор покрај таков „мајстор за лаги и плагијати„. А тој со познатата комунистичка парола од деновите по војната во 1945 година , како да ги измешал времињата и настаните, им порачува: „Нема одмора док траје обнова„
Не е чудо нему и на Вучиќ ист мајстор да им ги правел спотовите. Или мајстор со ист ум.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов