Ќе биде ли именуван амбасадор во НАТО?
Би било добро на средбата на лидерите кај претседателот Пендаровски да му биде дадена согласност на Претседателот да ги потпише указите за именување амбасадори во земјите за кои веќе е завршена уставната процедура за именување и се добиени агремани од земјите и асоцијациите во кои треба да бидат поставени.
Иако, таква согласност од лидерите на партиите на Пендаровски и не му е потребна, бидејќи се исполнети сите услови за тој да ги потпише указите, тој го одложува потпишувањето само затоа што заради блокада од страна на Комисијата за надворешна политика на Собранието што ја предводи Хер Флик Милошоски таа не беше свикувана намерно пред распуштање на собранието и амбасадорите не беа и веќе не се во можност до конституирање на следното собрание да бидат “сослушани”од Комисијата. Но блокадата од таа комисија не е пречка за именување амбасадори ако се сака.
Пендаровски треба да покаже поголема храброст и да го потпише указот за именување барем на Дане Талески за амбасадор во НАТО.
Нашата земја чекаше долго да стане членка на НАТО. За Дане Талески е завршена процедурата за негово именување. Предлогот е даден од МНР прифатен е од владата и усогласен со претседателот Пендаровски. Сите 29 членки на НАТО дале согласност, агреман за тоа тој да биде именуван.
Јавноста го запозна Дане Талески како советник за надворешна политика на премиерот Заев во периодот кога земјата на тој план направи најголем исчекор.
Тој има докторирано на Централно Европскиот Универзитет на англиски јазик во Будимпешта на политички науки, говори англиски и германски , една година беше визитинг професор на Универзитетот во Грац на кој работеше врз заеднички проекти со професорот Флоријан Бибер и срамота е веќе да се одлага неговото испраќање во Брисел.
Нашата земја е единствената која во овој момент нема амбасадор во НАТО, а е најнова членка и е од голема важност да го пополниме тоа место.
Да се одложува упатувањето амбасадор во НАТО, но и во другите неколку земји за кои е завршена уставната процедура, само заради блокадата од страна на комисијата на Хер Флик Милошоски не и израз на барање консензус ниту на демонстрирање голема демократичност туку еден вид правење услуга на оние што свесно блокираат и овозможување државата која 11 година ја имаа заробено сега да ја држат блокирано.
А ако освен ова постојат и други причини треба јавно да биде кажано.
Но ете. На средбата на лидерите кај претседателот нека стане збор и за тоа кога веќе за се одлучуваат.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов