Главни ликови во настаните од 27 април беа Ченто, Трајковски, Кољо, Игор Југ, Анѓелковски и Нинџа во соработка со полициските врвови на Бирото за бавна безбедност и УБК. Основниот изговор за упадот на демонстрантите произлезе од теоријата на заговор спакувана како Тиранска платформа. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, „Реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија, што е спротивно со мултиетничкиот карактер на државата“. Разјарената толпа на 27 април во името на самопрогласениот патриотизам тепаше пратеници, крвареа главите на идниот премиер премиер Заев и на пратениците на СДСМ, како и на коматозниот Села од Алијансата. Во правна смисла на зборот тоа беше класично убиство во обид. Според некои сознанија претседателот Иванов се подготвувал да прогласи воена состојба и да воспостави полициска репресија кон опозицијата која се договори со ДУИ да застане на чело на државата.
…..
Некои од тие луѓе беа индоктринирани, изманипулирани и несвесно вовлечени во играта на политичарите, не сфаќајки го значењето на чинот на насилното влегување во законодавниот дом и посегањето по животот и безбедноста на пратениците и политичките лидери. За жал, како алатка во рацете на политичарите овие луѓе ја плаќаат цената на сопствената наивност и расипаноста и себичноста на нивните водачи.

Целата колумна на Нано Ружин за Независен на следниов ЛИНК.