Не ги знам деталите, но не ни треба да ги знам за да кажам дека Бучковски е добар избор за специјален пратеник за Бугарија. Мислам дека ја има неопходната дистанца од класичната македонска затапеност во историската празнотија, модерен пристап кон општите работи, неопходна ширина во дијалогот и склоност кон демистификации на политичките теми и критериуми од кои освен срцепрателните воздишки, граѓанството има само штета. Има и слабости, се разбира, но мислам дека дури и слабостите ќе му помогнат да дојде до плодотворен дијалог со Софија. Без одлагање, по системите на забрзан курс. Понеже, нема се време!
Мислам дека една од причините за политичкиот атентат што му го изврши Црвенковски, лежеше во тоа изчекорување на Бучковски од македонските стрвови и фрустрации во односите со соседите. Драмата меѓутоа, не заврши само со отстрелот на Бучковски, туку и со инсталирањето на Груевски. Истите доктрини и политики сега се креваат против Заев и, еве, гледам, и против Бучковски. Тоа е добар знак и за премиерот и за неговиот советник. Само треба да внимаваат да не им спакуваат некое ново вморонско магистерско злотворче за на чело на државата. Тоа би било полошо отколку на власт да ни дојде некој внук на Аспарух.
ФБ статус на Бранко Тричковски