Стоп за партиите

На лидерската средба кај Пендаровски, Мицковски и Силјановска биле против воведување на вонредна состојба, вели Заев.
Тоа становиште, како што ќе покаже развојот на ситуацијата, за еден ден било посилно од ставот на Заев и на Пендаровски.
И веројатно било заземено за да може утредента да се напаѓа доцнењето на владата.
Значи за некакви умислени партиски профити кои еден ден ќе можеме да ги пресметаме во човечки животи- десет, дваесет или повеќе.
Во врска со тоа, сакам да поставам две односно три прашања:
Врз основа на кои законски и уставни ингеренции лидерот на најголемата опозициска партија и неговата советничка за правни прашања биле истретирани како фактори кои одлучуваат за таква работа каква што е воведувањето на вонредната состојба.
Врз основа на кои ингеренции и Заев решавал за ова прашање.
Каков е воопшто тој институт.
Лидерски средби.
Не зборувам за конуслтации.
Зборувам за решенија.
Кои и претходат на оперативните ставови на владата и на претседателот.
Се разбира, јас знам дека реалната моќ во Македонија е кај партиските лидери.
Но, кризата е време во кое моќта за решавање мора да се помести во владата и кај стручњаците.
Прва работа која мора да се свати е дека ова е работа на државна, а не партиска.
Никакви лидерски средби, господине претседателе.
Партиите можат да имаат само една задача: да го повикаат своето членство да си седат дома и потоа да ја замрзнат својата работа.
Нема пресови, нема дебати, нема квазирецепти, нема препичувања!

ФБ статус на Бранко Тричковски