Тактиката на вмро е во проекцијата на Заев како вампир кој ја пие крвта на македонскиот народ.
Тоа е главната точка.
Други точки Мицика нема.
Но, тоа е како од Моника Белучи да правите баба рога и да ја обвините дека многу негативно влијае врз желбата на Италијаните за секс. Или дека Боб Дилан, Мартин Лутер Кинг и Опра Винфри се виновни за новиот бран расизам во САД, дека Џастин Бибер му ја скршил вилицата на Мајк Тајсон и го нокаутирал Мајвотер. Дека Џорџ Клуни е црпко и дека папата Фрањо е виновен за серијата сериски убиства по светот.
Па, чекај малку, бе, Мицко.
Заев ја донел короната, им се радува на умрените и на заразените, ги распродава националните интереси, го пљачка народот и преку скали од мртви луѓе и скршеници од државата, сака да се искачи на тронот на власта по втор пат.
Неколку пати му сугерирав да ја олабави таа агресија за да стане малку од малку пореална и поприфатлива. Или да го замоли Заев да направи некое зло за да може да се спушти таа драстична разлика меѓу вморонската приказна и стварноста.
Не ме послуша.
Во неговиот црно-бел свет, тоа се недоловливи финеси.
Не може да сфати дека кога на оваа клучна тема е неверодостоен односно конструктор на планинска лага, односно на лажна кинструкција, тој е таков во се што е подолу рангирано. Тоа впрочем и се докажа во епизодите со кафеаната, со теретаната, со Кичеец, со Будимпештанскиот лудак итн итн.
Тој е тежок лажов.
Борче, само без шарм, без елоквенцијата и ерудицијата на Џонсон, тој е тоа што останува на хартијата кога Џонсон ќе си го избрише газот.
Многу тапав и ограничен човек.
Получовек.
Јас го множам со нула кога сум добро расположен.
Еве нешто во неговиот стил, но приближено до стварноста.
Штетата што Македонија ја трпи од вмро е поголема од штетата што Америка ја претрпе во Перл Харбур, на 11 септември 2001 и сега со Ковидот-19, заедно.
Затоа што бомбите, авионите и вирусуте на злото низ продолжено дејство го разорија јадрото на заедницата во Македонија.
Жртви се сите два милиона.
И уште два што допрва ќе се родат.
Ќе оделе на избори.
Тоа е исто како Јамамото да се кандидира за претседател на САД во трката со Трамп и Бајден, со тоа што Јапонецот би барал протоколи според кои Бајден и Трамп би гласале во скафандери додека леонираат откачени во вселената.
Политиката е деликатна работа, мој Мицко.
Ако сакаш да бидеш успешен, мора да знаеш повеќе од еден збор. Дури и два ти се малку. Со Зоран Заев не правиш ништо. Да знаеш ќарот за себе и за партијата да не го правиш како тешка и можеби непоправлива штета за општоста, лошото за државата да не ти биде добро за твојата партија, да не ти е Гоце државата, туку ако можеш ти да бидеш, мене да ме земеш да ти бидам тоа што мислиш дека ти е Гоце, докторите што пресадија срце да ги земеш, Филипче и Караџовски да ги земеш. Но, не ти си се вооружил со Гоце и со Гоца и со Кара Ками Шева и сакаш да стигнеш на врвот. Епа, како бе Мицика!?
ФБ статус на Бранко Тричковски