Враќање во митот
Вмро дојде од митот за борбата за слобода каде што во недостиг на други елементи, од ситни фолклорни рестлови, комунистите го етаблираат во колективниот имагинариум на новиот државен и историски субјект, како клучна историска легитимација на македонската нација. Катастрофата беше во тоа што тие се обидоа своето чедо да го легитимираат во неговата негација. Таа негација се обиде политички да се концептуализира и да им покаже и на комунистите и на сиот народ дека државата и нацијата не се потврда на борбата, туку врвно изневерување на таа борба. И одмаздата почна. Таа трае и денеска, но со членството на Македонија во НАТО, дефинитивно е поразена историската мисија на вмро. Овие драматски повеќе отколку драматични контракции што вмровскиот чмар ги прави при влегувањето на историскиот фалус во него, се последно мафтање со опашката на лавот, пред да се врати таму од кај што дојде, во митот, но не во оној на борбата за слобода туку во митот за злото.
ФБ статус на Бранко Тричковски