„Владата ќе работи на наталитетот“, рече и остана жив Влатко Ѓорчев, Национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.
И додека младите забрзано ја напуштаат државата за да го зачуваат своето достоинство и да избегаат од овдешната галопирачка мизерија, на ова дебилно суштество, медиокритет од најекстремен тип празен како шуплив заб, партиска лејка која целиот живот го помина на државни јасли, му измислија нова функција со плата не помала од 1.500 евра.
Бидејќи не постои начин да се опише неговата функционална неписменост и елементарна глупавост, во коментар го објавувам линкот од неговото интервју дадено за 360 степени.
Ако немате попаметна работа, потрошете 6-7 минути и самите уверете се во капацитетот на кадарот на Мицко и ДПМНЕ. Притоа, чувствата како гнев, бес, срам… се дел од пресметаниот ризик кои неизбежно ќе се јават при читање на приложеното.
ФБ став на Зоран Милошески