Секогаш е многу посимпатичен лекарот кој вели “немај гајле ќе помине,исто и мене ми се случи, само пијте чај”, отколку хирургот кој дијагностицира тешка дијагноза со напорна терапија.
И со политиката е така, посимпатични се оние кои до гроб се патриоти, кои ”знаат” дека сме “небесен народ”.Кои ќе ги сменат работите само штом ги сменат овие кои кажуваат дека е тешко, но влечат храбри одлуки за да на децата и внуците им биде подобро.
Умилкувањето со “срцепарателни” зборови на фејк-патриоти со тендерашки потреби и националистичка нарав стана дебело дрво од кое не може да се види шумата.
Ако ја смениме диоптријата како нација, ќе успееме да ја видиме убавата слика, ќе видиме дека има нешто многу поубаво од лажниот колаж на шарени лаги.
Отворените очи далеку гледаат!

ФБ статус на Мартин Костовски, пратеник