Приспособувајќи се на ,,новата” реалност, поддршката е секако изблик на надеж и на радост. Само заедно – сплотени, ќе успееме.

Не ми доаѓаше ништо друго на ум да објавам за зеленото светло за отворање преговори за членство во ЕУ, освен Химната на Европа – ,,Ода на радоста”.
Уште посреќен бев кога наидов на оваа онлајн-изведба (20.3.2020) од Ротердамскиот филхармониски оркестар, кој ја снимил на начин со кој се применува советот за седење дома, за време на пандемијата. Иднина, заедно!

,,Ода на радоста”

Радост бистра, убост чиста,
ќерко од Елизија!
Опивна си моќ што плиска,
радост и поезија.

Твојте сништа спокој шират,
злото што го скротува.
Сите луѓе да се смират,
духот твој ги сплотува.

Среќни да сте милиони,
јас ви праќам бакнеж врел!
В дружба, братство, љубов, слога
да ни мине живот цел.

Другар ти со другар биди,
гордост има секој жив!
Тој пак тоа што го нема,
нема живот, нема здив.

ФБ статус на Огнен Јанески