Подавањето рака на Христијан Мицкоски со отворено писмо и конференции за печат е чисто лицемерие. Во борба не се оди со писма и со поставување  услови. Кога се оди како доброволец во војна против заеднички непријател нема условувања и партиски предлози, туку заедничко учество и извршување на наредбите на стручните тимови од јавното здравство и од владата.

Во оваа војна и во јавното здравство и во полицијата и во армијата и во владата и во сите институции на државата има голем број членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ на одговорни места кои учествуваат во спроведувањето на мерките кои имаат законска сила. Активноста на Мицкоски наликува на партиско предизборно позиционирање на раководството на ВМРО ДПМНЕ кое ништо друго не работи туку трча од медиумум на медиум и упорно предлага паралелен систем во одбрана на загрозеното здравје на граѓаните. Некој од неговите најблиски соработници треба да му каже дека во земјата е прогласена вонредна состојба и на негово барање, иако со задоцнување го кажа тоа кога веќе беше подготвена таквата одлука.

Мицкоски секојдневно ги повторува мерките како партиски предлози иако добар дел од нив веќе се на сила. Дали му е познато колкава штета нанесува со заострување на условите за добивање на заеми ако продолжи да лицитира секој ден со милиони евра за да стаса до милијарда? Утре ќе бара две милијарди и така додека не стаса до пет милијарди евра колку што направи долгови ВМРО ДПМНЕ во ерата на „груевизмот“. При секои избори и при секоја криза правеа по неколку стотици милиони евра борчови.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.