Македонија како држава која во својата конституција се дефинира како демократска со аспирации за биде дел од големото евроатлатско семејство кое живее согласно некои традиционални западни вредности, тешко дека ќе може да се реализира себе си како таква, доколку на идеолошкиот мејнстрим пејзаж делуваат политички субјекти кои застапуваат анахрони идеолошки матрици.

Вакви тенденции кои скитаат меѓу декларативноста за европска перспектива и од друга страна делување на теренот на балканските атавизми , национал романтизмот и националистичките митолошки наративни за жал се присутни во делувањето на најголемиот опозициски политички субјект , ВМРО ДПМНЕ кој по падот на Груевски и неговиот “груевзам” не успева да се пронајде себе си на современо идеолошко тло какво што е нејзиното европско семејство обединето во рамите на Европската народна партија која сè порешително ги застапува традиционалните демохристијански вредности чии основи беа нападнати од полiтички субјекти со авторитарни тенденции какви што се “орбанизмот” и неговите сателити низ Европа во соработка со “трампимзот” кој на последните избори во САД претрпе значителен пораз.

Скитањето на ВМРО ДПМНЕ во анахрони наративи не само што и ја одзема моќта на оваа партија да делува како ефикасна опозиција која е повеќе од потребна во актуелните околности, туку дополнително си ги загрозува и капацитетите за преземање на власта што секако би требало да биде добра опција и алтернатива во едно здраво демократско општество во кое промената на власта воедно гарантира и стабилност на стратешката конструкција на државата што подразбира одржување на виталноста на демократските институции, стратешките политики кој ја гарантираат стабилноста и безбедноста на државата и се разбира одржување на добрите односи со стратешките партнери.

Во своите идеолошки авантури ВМРО ДПМНЕ ризикува да го изгуби своето демокхристијанско тло и да влезе во фузија со неокомунистички идеологии како онаа на често екстремно националистичката партија која иронично се нарекува “Левица” при што целосно ќе ги загуби своите коалициски капацитети за соработка со етнички албански политички субјекти.

Целата колумна на Борјан Јовановски за Нова ТВ на следниот ЛИНК.