– Начинот на којшто е дефинирана оваа дебата, поточно насловот, ме инспирираше да презентирам идеи кои за нијанса се можеби различни од она што е вообичаен наратив и сме навикнале да го слушаме кога зборуваме за хибридни закани, дезинформации и лажни вести. Конечно гледам една проактивност, односно едно големо ЗА, наспроти едно помало против, рече националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на денешниот настан „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“, организиран од ЦИВИЛ.

Забрчанец истакна дека предолго сме заглавени во справување со дезинформациите како негативни појави и влијанија, а помалку подзаборавивме на тоа кои се работите кои што треба да ги промовираме.

„Конечнио во насловот од денешната дискусија видов дека зборуваме за Автопат на одговорност, отчетност, одговорно комуницирање и пласирање на факти и информации, наспроти оние мрачни тунели по кои се создаваат и шират лажните вести, коишто имаат намера да предизвикаат штета врз вредностите и при тоа стануваат дезинформации.“, вели Забрчанец.

Тој информира дека НАТО во своите последни јавни определби по однос на стратешките комуникации ја дефинира својата улога визави дезинформациите:

„Ние не сме препознаени, или не сакаме да бидеме препознаени по она против што се бориме, туку по она за што се залагаме, односно по она што го промовираме“, се определбите на НАТО.

Националниот координатор, потенцира дека токму тоа е и неговата теза денеска – општествените чинители коишто презеле одговорност и си зацртале улога дека ќе промовираат прогрес, факти, информации, напредок, соживот, дијалог и разбирање, мора многу повеќе да вложуваат во каузите ЗА, отколку во борбата против, вели Забрќанец. Тој додава дека некогаш тоа е можеби едно исто, меѓутоа секогаш кога зборуваме за борба против, справување, одбрана и борба СО, во суштина тоа е начин на дејствување кој многу повеќе заплашува широка јавност, отколу што охрабрува широка јавност во проактивно и прогресивно дејствување.
Целата тема на Фронтлајн.