Голем ден за правдата, лош за “тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Денеска стапува на сила новиот Закон за Јавно обвинителство, кој не само што овозможува правдата да победува, туку претставува ново и круцијално поглавје во битката за правна држава.
Собранието, пред да се распушти во тензична атмосфера, го изгласа со двотретинско мнозинство овој Закон. Тензично, затоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваа да го блокират неговото донесување. Го правеа тоа со месеци, бидејќи добро знаеја дека денот кога Законот ќе стапи на сила, е и денот кога ќе пропаднат сите нивни обиди да побегнат од правдат.
Владата, под водство на СДСМ, демонстрираше силна политичка волја за продолжување на реформите во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата, воедно испраќајќи силна порака кон домашната и меѓународна јавност за политичката заложба на нашата земја кон носење конзистентни одлуки. Иако се работеше за еден комплексен предизборен период, не постоеја никакви дилеми за преземање на одлучувачките чекори за продолжување на европскиот курс на земјата.

Ние од оваа борба не се откажуваме. Напротив!
Крикот на граѓаните и на државата за правда и понатаму ќе не’ води напред, бидејќи сите заслужуваме да живееме во таква држава.

ФБ статус на Андреј Жерновски