Граѓаните заслужуваат нов клинички центар!
Повеќепати сум пишувал дека кај нас, за жал, опозицијата се однесува деструктивно во однос на здравствената криза и дека преку лаги и клевети во континуитет го подрива здравствениот систем.
ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток на пандемијата започна со манипулации и ширење на лажни вести. Ја манипулираше јавноста дека немало доволно тестови, па дури и дека здравствените работници немале доволно здравствена опрема за работа со ковид пациенти.
Истата партија која го кочеше заемот за опремување на 16 болници, односно ковид-центри, сега ја кочи изградбата на нов и современ клинички центар каде што на едно место ќе ги добиваат сите здравствени услуги, што е тренд во светот.
ФБ статус на Андреј Жерновски