Нема бегање од судот на граѓаните, истакна Андреј Жерновски.

„Кризата со корона вирусот се појави во време кога државата веќе се подготвуваше за одржување на вонреднитете парламентарни избори, а која потоа доведе до воспоставување на првата вонредна состојба во земјата од нејзината независноста.
Во услови кога е оневозможено функционирањето на Собранието, а со тоа и оневозможено, како демократски и претставнички орган, да ја контролира извршната власт, избори ни се потребни што поскоро. Ова особено во услови на вонредна состојба, кога ингиренциите на Владата се зголемени и, речиси, неограничени.

СДСМ, продолжувајќи да размислува и да се однесува како демократска и државотворна партија, но водејќи сметка и за суверенитетот на власта кој произлегува само од граѓаните и им припаѓа само на граѓаните, смета дека нашите граѓани не смеат да останат без демократски избрани претставници зашто тоа би значело дека немаат начин да го остваруваат сопствениот суверенитет. Затоа, за СДСМ, како партија која ја ослободи “заробената држава”, изборите се нужност.
Состојбата во која се наоѓаме, самата по себе е форма “sui generis” и затоа таа нужност од избори е единствениот начин за надминување на нова институционална и политичка криза. Токму поради ова, неодржлив е било каков обид за споредба со друга држава која спроведува изборен процес во овој период, бидејќи тоа едноставно не кореспондира со нашата правно-политичка состојба.

Владата, предводена од СДСМ, со сите храбри и визионерски политики, со чуството на самокритичноат, демократичност и досега невиден слух за корекција, успеа да го заздрави системот. Повеќе од тоа, успеа да го изолира авторитаризмот како форма на владеење, па дури и во услови на вонредна состојба, со техничка Влада и нефункционално Собрание. Едноставно, здравствената криза ни покажа дека државата и системот конечно функционираат!
Заради сето наведено, за да ги продолжиме успешно отпочнатите процеси, за да се посветиме на преговорите со ЕУ, за да имаме силна држава и систем, за да ја зачуваме економијата и, најважно од се’, за да го одбраниме здравјето на граѓаните, неопходно е да одиме на избори!

На другата страна, за несреќа на државата, ги имаме ова и овакво ВМРО-ДПМНЕ, како партија која и понатаму здушно го одмага заздравувањето на системот кој токму поради нив цели 11 години беше во индуцирана кома.
Партијата на Мицковски е уплашена од избори и поради тоа на секој начин се обидува да го опструира успешното менаџирање и целата наша борба околу пандемијата. Посветени исклучиво на својот политички опстанокот, воопшто не размислува за иднината на државата.
Како и да е, неминовно доаѓа денот кога граѓаните ќе го споредат и оценат нашето и нивното поведение.
Од тоа соочување нема бегање“, посочи Жерновски.