Почитувани млади луѓе, сите вие кои допрва влегувате во политичките води, вчерашниот настап на Мицковски ви е најдобар пример и лекција како брзо и несреќно можете предвреме да ја завршите вашата кариера. Умните велат дека и од најлошиот пример може нешто да се (под)научи, а тоа е како не треба да постапувате. И во право се.
Ако соберете сили и го изгледате неговото вчерашно интервју со Васко Попетревски, ќе видите еден уплашен и нервозен човек, на кого пред врата му дошол извршител за да му ги наплати сметките за сите погрешни чекори во политиката. Човек кој резонирал дека појавата на корона вирусот дошла во вистинскиот час за него, бидејќи, како што им објаснувал на своите сопартијци опозиционери, ефектите од смртоносната пандемија ќе биле девастирачки за власта.
Политичар кој сметал дека што повеќе се шири вирусот меѓу граѓаните, толку повеќе ќе се шири неговата популарност меѓу гласачите. Тажно, нели?
Ќе видите политичар кој за време на здравствената криза ширел лажни вести и никако не сакал да ги слушне добронамерните совети, кој доаѓале дури и од редовите на неговата сопствена партија, дека во вакви околности треба да се делува сосема обратно , а тоа е да се покаже и демонстрира конструктивност, заедништво, солидарност. Нешто што навистина ќе помогне во битката против вирусот, која битка треба да биде заедничка, а не само на власта. Нешто што ќе биде поздравено од граѓаните, ако веќе нивната поддршка е побитна од нивното здравје.
Ќе видите опозиционер кој денес, како последица на погрешната политика, очајнички бега од соочување со неодговорната политика и кој ќе најде безброј аргументи да го избегне неизбежното. Во денешната глобална трка по што побрзо пронаоѓање на вакцина против коронавирусот, тој посакува во лабораториите да биде пронајдена и вакцина против политиканство.
Затоа, ве молам, научете ги лекциите од неговото целосно погрешно однесување. Бидејќи, во спротивно, ќе завршите како него- уплашен, немоќен и поразен.
Работете секогаш во полза на граѓаните и државата, без разлика дали сте на власт или во опозиција.
Да не заборавиме дека разликата помеѓу ПОЛИТИЧАР и ДРЖАВНИК е во тоа што првиот размислува за следните избори, додека вториот размислува за следните генерациии.

ФБ статус на Андреј Жерновски